(ВИДЕО) Комичарка ги исмејала Ал Пачино и Де Ниро: „Дали дедовците се подмладуваат со улогата на татковци? 

Веста дека Роберт Де Ниро и Ал Пачино стануваат татковци ја изненади јавноста која е прилично поделена по ова прашање. Социјалните мрежи преполни со дискусии, а сè посебно го зачини објавата на комичарката Челзи Хендлер.
Да потсетиме, холивудската икона, 79-годишниот Роберт де Ниро и неговата триесет и четири години помлада партнерка Тифани Чен минатиот месец го дочекаа своето прво заедничко дете, додека во четвртокот беше објавена веста дека неговиот колега и пријател Ал Пачино стана татко по четврти пат и тоа на 83-годишна возраст. Неговата 29-годишна избраничка Нур Алфала роди момче.

ПР-от кој соработува со Пачино и Нур потврдил дека бебето е родено, каков пол е и какво име избрале среќните родители.


This image has an empty alt attribute; its file name is al-pacino-so-devojkata-1.jpg

„Можам да потврдам дека Ал Пачино и Нур Алфалах добија син, на кој му го дадоа името Роман Пачино“, изјавил ПР на актерот.


Сепак, не сите беа толку воодушевени за оваа вест. Комичарката Челзи Хендлер не ги штедела двајцата актерки, сметајќи дека се на возраст кога треба да си играат со своите внуци (можеби дури и со правнуците), а не со своите деца.

„Каде оди овој свет каде напалените старци не престануваат да се размножуваат и зошто по ѓаволите не користат кондоми“, брутално прашала американската комичарка и ТВ водителка во саркастично видео на Инстаграм.


Споделувајќи ги сликите на двајцата актери, како и на Алек Болдвин и Илон Маск, 48-годишната комичарка била многу сурова и не поштедила никого:
„Нова епидемија ја зафати земјата и не, тоа не е уште еден вирус. Уште полошо е – напалените старци продолжуваат да го шират своето семе. Не ме терајте ни со овие четворица кои никогаш не се сретнале со ‘дупнат кондом’ а да не им се допадне. Не можат да престанат да се размножуваат. Само четворицата имаат 32 деца“.

This image has an empty alt attribute; its file name is robert-de-niro-do-devojkata.jpg

Во хумористичното видео за тоа дали „дедовците“ стануваат помлади во улогата на татковци на бебиња или стануваат мета на потсмев на социјалните мрежи, таа исто така изјавила дека нејзиниот „омилен“, Ал Пачино веќе има три деца од претходните врски. Од врската со учителката по глума Џен Тарант, ја добил 33-годишната филмска продуцентка Џули Тарант, која е четири години постара од неговата девојка Нут Алфала. Тој има и 22-годишни близнаци Оливија и Антон од врската со американската актерка Беверли Д’Анџело.

Размислувајќи за мажите кои станале татковци на мали деца на многу зрела возраст, комичарката завршила со прашањето:
„Па, како да ги заштитиме жените во светот од напалените старци? Не грижете се. Имам план да го прекинам ова лудило“, рекла таа, додавајќи дека старците кои очајно сакаат да станат татковци уште еднаш кон крајот на нивните животи треба да се стават на аукција, затоа што се антиквитети. Па кој ќе победи нека има односи без контрацепција“.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАКЕДОНЕЦОТ ВИКТОР НАСТЕСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА БРОДСКА КОМПАНИЈА ПОРАДИ ПАСОШОТ!

Штетите од хаосот со личните исправи на македонските државјани, предизвикани од предавството на марионетската влада …