(ВИДЕО+ФОТО) КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ЈА ОТКРИ ВИСТИНСКАТА ВИСТИНА – БРАВО МАМО! Пејачката покажала како навистина изгледа нејзиното тело 11 ДЕНА по породувањето!

Познатата пејачка Џеси Џеј добива пофалби што ја покажала вистинската слика на своето тело по породувањето.
Инстаграм си го направи своето. Изгледа дека новопечените мајки овие денови обожаваат да ја истакнуваат својата витка линија, а има и такви кои се прашуваат како успеваат да го направат тоа. Се’ повеќе жени се стремат кон совршен изглед по породувањето, па затоа често ни се чини дека слабата фигура дојде „преку ноќ“. Сепак, познатата пејачка Џеси Џеј решила да ја покаже реалноста.

View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)


Џеси Џеј (35) роди момче и како што наведе во објава на Инстаграм, плачела кога го видела бебето и не можела да ги задржи емоциите: „Пред една недела целиот живот ми се промени. Син ми пристигна на овој свет и моето срце се удвои во големина.Чувството е неописливо. Јас лебдам со љубов. Тоа е магично.Тој е исполнување на сите мои соништа,целиот мој свет. Двајцата се чувствуваме одлично и сè уште не можам да верувам дека тој е вистински, тука и моето.. .. Толку сум благодарна што плачам од среќа. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката, ќе се вратам на Инстаграм кога ќе бидам подготвена“, рекла Џеси Џеј, која го изгубила своето бебе повеќе од пред година и тешко го преживеала тоа.


View this post on Instagram

A post shared by Jessie J (@jessiej)


Сега, единаесет дена по породувањето, пејачката реши да покаже како изгледа. Таа објави слика од својот профил и напиша: “Го пишувам ова за себе, како и за секој друг кој сака да го прочита ова. Вашето тело е дом во кој некој живеел девет месеци. Вашите органи се преселиле и мора да ги најдете своите назад, каде што беа порано. Вашата матка сè уште полека се опоравува. Вашите хормони „’летаат и паѓаат’. Вашето тело работи најтешко што некогаш сте работеле. Вие сте исцрпени, но сте магични“, напишала Џеси Џеј. додавајќи:
„Одвојте време. Бидете мирни со себе, телото и умот. Запомнете дека се опоравувате и не заборавајте да ги потсетите оние околу вас. Прославете го вашето ново тело. Мораше да се промени. Ќе станува се поголемо и помало во различни места. Прекрасно е и природно. Игнорирајте дека некои луѓе велат дека треба или не треба да изгледате вака по одредено време. Луѓето треба да се разбудат. Време е да се оди напред, а не назад“, напишала пејачката и завршила велејќи:
„Тоа е ваше патување. Вашето време и вашето тело. Не е исто како и сите други и тоа е она што го прави посебно. Вие сте единствени. Ова беше моето тело 11 дена по породувањето, а јас сè уште изгледам скоро исто 35 дена подоцна. Го сакам моето тело. Ми го даде најволшебниот цимер. А кога ќе биде подготвено и ќе може повторно да се промени, ќе се промени. Како и да е“, напишала пејачката на Инстаграм.

Потценување е да се каже дека Џеси доби неверојатна поддршка за ова. Жените ширум светот се воодушевени бидејќи позната личност покажала како изгледа вистинската слика. Објавата собра речиси 300.000 лајкови и илјадници коментари. „Браво мамо“, „Конечно некој да каже како е“, „Честитки за Џеси“, напишаа луѓето…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …