МЕРЕДИТ Стил (35) на Инстаграм споделувала детали за нејзиното секојдневие со сопругот Марк и нивните деца на возраст од 11 и 9 години. Таа објавувала семејни фотографии и набрзо собрала илјадници следбеници.
Но, тогаш наишла на лажен профил, кој и ги украл фотографиите. Се згрозила кога сфатила дека странец објавил фотографии од нејзините семејни моменти. Мередит веднаш го пријавила профилот на Инстаграм, но тој не бил веднаш отстранет. Потоа ја блокирала страницата за повеќе да не може да пристапи до нејзината содржина.
„Ме натера да размислувам за културата на мајка блогерка и прекумерното споделување на интернет. Сè уште имам профили на Инстаграм и ТикТок, но одбивам да споделувам фотографии и видеа од моите деца. Се чувствував како да сум лош родител“, рекла таа.
View this post on Instagram
Мередит ја отстранила целата содржина во која се вклучени нејзините деца.
„Бев жртва на дигитално киднапирање, феномен кога луѓето ја крадат вашата онлајн содржина и од неа прават свои страници. Не знам кој беше тоа, но сакам да ги заштитам другите од тие чувства што ме обземаа“, додадала таа.
Освен што самата не ги објавува своите деца на социјалните мрежи, Мередит повеќе не дозволува нејзините деца да се фотографираат на училиште и како дел од воннаставни активности.
„Целото искуство ми помогна да научам да имам поздрави граници“, заклучила таа.
Фото: Принтскрин/Instagram