(ВИДЕО) Брајан Меј прогласен за витез

БРАЈЕН МЕЈ, гитаристот на рок групата The Queen, се најде на списокот од околу 1.000 луѓе на кои кралот Чарлс им ги додели традиционалните новогодишни кралски почести и одликувања. Тој беше прогласен за витез и отсега ќе биде познат како Сер Брајан Меј.
Гитаристот, препознатлив по долгата кадрава коса, е познат и по пеењето на химната God Save the Queen на покривот на Бакингемската палата по повод 50-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета во 2002 година, а свиреше и оваа година во јуни на по повод 70-годишнината од нејзиното владеење.


Основачот на легендарниот бенд The ​​Queen беше награден за неговиот придонес во музиката и хуманитарната работа.

View this post on Instagram

A post shared by Brian Harold May (@brianmayforreal)


„Можеби сега повеќе луѓе ќе ме слушаат“
75-годишниот музичар, по образование астрофизичар кој се занимава и со борба за благосостојба на животните, за агенцијата АП потврдил дека ја добил титулата витез (т.н. Knight bachelor), при што се обврзува да направи се што се очекува од тој наслов: „Борба за правда, за луѓе кои немаат глас“.
„Можеби сега повеќе луѓе ќе слушаат што имам да кажам отколку порано, кога ќе кажам Сер Брајан Меј на телефон“, изјавил познатиот гитарист.


Годинава 1.107 лица се најдоа на кралската почесна листа, меѓу кои 548 жени. Кралските почести се доделуваат двапати годишно, на Нова година и по повод официјалниот роденден на монархот, кој секогаш се слави во јуни, без оглед на вистинскиот датум на раѓање.
Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО ГРАНД: Потврдена измама во гласањето

„АНАЛИЗАТА на гласањето ја направи швајцарска компанија по наше барање… По измама во гласањето, двајцата …