Легендарниот реге пејач Тутс Хиберт починал во 78. година

Фредерик Тутс Хиберт, фронтмен на реге групата Toots and the Maytals, починал синоќа на 78-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.
„Со тешко срце објавуваме дека Фредерик Натаниел Тутс Хиберт почина синоќа, мирно, опкружен со своето семејство, во универзитетската болница Кингстон во Јамајка. Семејството и неговите менаџери би сакале да им се заблагодарат на медицинскиот персонал и професионалците за нивната грижа и посветеност и да побараат почитување на приватноста во време на тага. Хиберт зад себе ги остави сопругата Мис Ди и седум од осумте деца”, рекле неговите најблиски.
Причината за смртта не била прецизирана, но легендата на регето била пренесена во болница пред еден месец со симптоми слични на коронавирусот, а подоцна тој бил во индуцирана кома и „се борел за својот живот“, пишува списанието „Ролингстоун“.
„Разговарав со него пред неколку недели и му реков колку го сакам и колку ми значи. Се смеевме заедно и покажувавме почит еден кон друг. Јас сум прилично тажен вечерва. Ќе ми недостига неговата насмевка и смеа и неговата широка душа. Тутс ми беше како татко, неговиот дух е со нас, а неговата музика нè исполнува со сила. Никогаш нема да го заборавам”, рекол Зиги Марли, реге музичар и син на Боб Марли, за веста за смртта на Тутс Хиберт.


Со својот длабоко емотивен глас, пејачот и мултиинструменталист е автор на песни како што се “Pressure Drop”, “Monkey Man”, “Funky Kingston”, кои денес се сметаат за класици на регето, и тој е одговорен за фактот дека реге изразот стана светски познат по неговиот албум со придружната група „Do the Reggay“ од 1968, година.
Заедно со Боб Марли, тој беше еден од првите музичари што потпиша договор со „Island Records“, етикета што го ширеше регето надвор од границите на Јамајка. Неговата песна „Pressure Drop“ се слуша и во култниот филм „The Harder They Come“, со кој се популаризираше регето во Америка и Европа, оставајќи неизмерно влијание врз бендовите од оваа насока.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …