Концерт на Вел и Sinful Glare во Битола

Вечерва во Амфитеатарот – Тумбе Кафе – Битола со почеток во 21:00 часот ќе се случи концерт на „Вел“ и „Sinful Glare“. Настанот е во организација на Metal Discharge од Битола.

Вел е музичка група од Битола, формирана во 2019 та год. Црнило е нивниот деби-албум. Снимен е во студио Омни, а на него се наоѓаат десет авторски песни, кои доволно говорат за јасните музички перцепции и смели текстуални идеи.
,, Така е со Велот, врзан од други догми. Ќе биде малку надесно, место да е лев, преправ за да не биде крив. И нема да пропушти ни суд, ни страв, ни страст, само те прекрива со црни мисли и црвена јад “. ВЕЛ се: Томе Спасовски – бас гитара и глас, Златко Никодиновски – гитара и глас, Сашо Ристевски – тапани и Денис Алитовски – клавијатури и глас


„Sinful Glare“ е немилосрдна треш/дет метал сила, кована од четири млади таленти во кои пламнува желба и поттик за тврдокорна музика. Со сложената водечка гитара на Петар Камбовски, ритам гитарата и вокалот на Бојан Тасевски, басот на Филип Здравески и жестоките тапани на Александар Ѓоргиевски, спремаат нов авторски материјал и се подготвени да направат хаос. Подгответе се за немилосрдно спуштање во бездната на екстремниот метал со „Sinful Glare“, се вели во објавата од организаторите.

Картите на денот на концертот се продаваат по цена од 250 ден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …