Денес е роден познатиот српски фудбалер Александар Митровиќ

Александар Митровиќ е роден на 16 септември 1994 година во Смедерево. Тој е српски професионален фудбалер кој моментално настапува за саудискиот клуб Ал Хилал и е Фудбалскки репрезентативец на Србија. На 18-годишна возраст, Митровиќ бил именуван во топ 10 талентите за категорија на фудбалери во Европа до 19 години, селектирани од страна на УЕФА. Митровиќ е исто така е рекордер по бројот на постигнати голови за репрезантацијата на Србија.

Тој е младински производ на Партизан, но на почетокот на кариерата бил позејмен на Телеоптик, но сепак останал како дел од првиот тим, со кој ја освоил Суперлигата на Србија во својата прва сезона. По две сезони во Партизан тој му се приклучил на белгискиот Андерлехт за клупски рекорд од 5 милиони евра, постигнувајќи 44 гола во 90 натпревари во сите натпреварувања во период од две сезони. Тој ја освоил Белгиската про-лига во својата прва сезона со клубот, и бил најдобар стрелец во лигата во својата втора сезона. Во 2015 година тој се преселил во Премиер лигата во тимот на Њукасл за 13 милиони фунти. Кариерата ја продолжува во англискиот клуб Фулам каде играл се до сезоната 2021/2022 година.


Митровиќ и помогнал на српската репрезентација под 19 години да го освои Европското првенство под-19 години во 2013 година, каде бил именуван за најдобар играч на турнирот. Од таа година, тој исто така е стандарден сениорски репрезентативец на Србија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање – на денешен ден во 2018 година не напушти актерката Љупка Арсова-Џундева

Љупка Арсова-Џундева била родена на 11 јули 1934 во Скопје. Истакната македонска театарска, филмска и …