За љубителите на хорската музика, вечерва во Штип во НУЦК “Ацо Шопов” Штип (голема сцена), со почеток во 20:00 часот ќе се одржи шестото издание на Интернационалниот фестивал на камерни хорови “АСТИБО-ФЕСТ” во соработка со З.Г. “Градски хор“ Штип.
Во официјалната програма на фестивалот ќе настапат следниве хорови: З.Г. “Градски хор“ – Штип, Градски мешан хор “Вардар“ – Скопје, Женски хор “Неразделни“ – Ќустендил, Р. Бугарија, Женски камерен хор “Керамија“ – Прилеп, Женски камерен хор “Св. Злата Мегленска“ Скопје.
Влезот на фестивалот е бесплатен.