Концерт на фламенко триото Vientos del Eresma од Шпанија на фестивалот „Тремоло 2023“

Во организација на Детскиот Културен Центар Карпош, а во рамките на интернационалниот фестивал на класична гитара „Тремоло 2023“, на 8 ноември 2023 година ќе имате уникатна можност да го погледнете настапот на фламенко триото Vientos del Eresma од Шпанија.

Концертот ќе се одржи во Македонската Филхармонија со почеток од 19:30 часот, а влезот е слободен.


Mеѓународниот фестивал за класична гитара и натпревар „Тремоло“, за прв пат е одржан во ноември 2010 година. На истиот учествуваат натпреварувачи во повеќе категории, од почетници до професори, оценувани од меѓународна жири комисија. Покрај вредните награди, во рамки на фестивалот се одржуваат солистички концерти за класична гитара и мастер-часови, а како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади луѓе.

Овој фестивал е прв посветен на уметноста на класичната гитара во нашата земја. Низ годините, прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара. Детскиот културен центар – „Карпош“ има долга и богата традиција во однос на организација на многубројни културни настани и манифестации, за кои сведочат многубројни признанија и награди, а со овој фестивал, кој е поддржан и од градот Скопје, ја збогатија домашната културна сцена.


Не пропуштајте ја можноста да го слушате и гледате ова неповторливото фламенко трио и да бидете дел од овој уникатен фестивал.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …