Изложба „Апостолите на современата македонска ликовна уметност“ во галерија “Безистен” во Штип

Во среда, на 8 ноември 2023 година во уметничката галерија „Безистен“ во Штип, со почеток од 14:00 часот, ќе биде отворена изложбата „АПОСТОЛИТЕ на современата македонска ликовна уметност“.

Изложбата е во организаци на НУ Завод и Музеј – Штип, а по повод 8-ми ноември, денот на ослободување на градот Штип.


На изложбата ќе може да се видат делата на македонските уметници од 20 век – Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Борислав Трајковски, Љубомир Белогаски, Глигор Чемерски и др.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава No Exit

Вечерва со почеток во 20:00 часот, во Домот на култура ,,Димитар Влахов” во Автокоманда, премиерно …