Конференција „Жени Претприемачки” и избор на „Жена на годината“

Денес, со почеток во 10:00 часот во Музејот на македонската борба, по четврти пат ќе се одржи настанот „Конференција Жени Претприемачки“, и по втор пат избор за „Жена на годината“ во повеќе категории.

Зошто „Конференција Жени Претприемачки“ по шести пат? Прашање, чиј одговор лежи во успешноста на досегашните одржани конференции. Конференции кои не само што го величаат претприемачкиот дух на жената, туку го величаат нејзиното влијание во секој домен од нашите животи. Настан исполнет со приказни и искуства кои ќе допрат и ќе го разбудат претприемачкиот дух во тебе.


На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор и жени кои се менаџери, лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн).

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјата и странство кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.


Покрај официјалниот дел на настанот, ќе има многу дружење, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, контакти и соработници, како и доделување на плакети за најдобрите жени. Бидете дел од елитната конференција бидејќи ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме
заедно, се вели во објавата од организаторот на овој настан.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …