Денес се сеќаваме на нашиот актер Јон Исаја кој почина на денешен ден во 1993 година

Јон Исаја бил роден во Тетово на 5 јануари 1915 година. Тој беше македонски филмски, театарски и телевизиски глумец.

Тој потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминал во Романија каде ја завршил и Театарска академија во Букурешт во 1942 година. Станува член на Драмата на МНТ од 1951 па до 1964 година. Кариерата ја продолжува во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал на филм и телевизија. Го негувал сценскиот говор и се залагал за строго психолошко обликување на ликовите.


Подолу е дел од неговата богата филмографија;

1961-Солунските атентатори, 1961-Мирно лето, 1965-Денови на искушение Христов, 1967-Мементо, 1969-Републиката во пламен
1969-Време без војна, 1969-Враќање од рајот, 1970-Мртва стража, 1971-Некаде морам да те чекам ТВ филм, 1972-Истрел,
1975-Парадоксот на Диоген, 1977-Исправи се Делфина, 1979-Наши години,  1981-Црвениот коњ, 1982-Илинден, 1990-Северна грешка, 1991-Болва в’ уво ТВ-филм.


Починал во Скопје на 13 декември 1993 година на 78 годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …