Кинески стручњак за корона вирус: Европа и Америка прават една грешка, ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ на ова!

„Овој вирус се пренесува со капки и близок контакт. Капките играат многу важна улога – мора да носите маска, бидејќи кога зборувате, од устата секогаш излегуваат капки…“
Шефот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Џорџ Гао, смета дека најголемата грешка на САД и Европа, кога станува збор за спречување на ширење на корона вирусот, е тоа што луѓето не носат маски.


“Овој вирус се пренесува преку капки и близок контакт. Капките играат многу важна улога – мора да носите маска, затоа што кога зборувате, од устата секогаш излегуваат капки. Многу луѓе имаат асимптоматски или пред-симптоматски инфекции. Ако носат маски за лице, ова може да ги спречи капките на тие кои го носат вирусот да избегнат да ги инфицираат другите“, рече кинески експерт за магазинот „Наука“.
Весникот пишува дека во јануари тој бил дел од тим кој ја извршил првата изолација и секвенционирање на САРС-КоВ-2, вирус што го предизвикува КОВИД-19.



„Социјалното растојание е основна стратегија за контрола на какво било заразно заболување, особено кога станува збор за респираторни инфекции. Прво, ние користевме „не-фармацевтски стратегии“ затоа што немате специфични инхибитори или лекови и немате вакцини. Второ, треба да бидете сигурни дека ќе го изолирате секој случај. Трето, блиските контакти треба да бидат ставени во карантин … Четврто, прекинете ги јавните собири. Петто, ограничете го движењето“, советувал Гао.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …