МЛАДАТА и до неодамна здрава австралиско-француска манекенка Интан Клемент (30) испратила порака од својот болнички кревет за нејзината борба со коронавирусот. Како што открила, таа се заразила на скијање во Франција. Пред две недели, таа забележала дека тешко дише и многу кашла, а лекарите со кои контактирале ирекле дека станува збор за грип.
Интан посочува дека нејзините симптоми станале сериозни, кашлала толку многу што немала здив, се чувствувала без здив, а кога вдишувала и издишувала, ќе чуела чуден звук во белите дробови.
Сè започнало на 15 март, кога таа и група пријатели од Париз отпатувале до ски-центарот Валоар, само еден ден пред француските власти да воведат карантин во земјата. Нејзиниот партнер бил болен неколку дена.
“Мислев дека тој има настинка затоа што немаше никакви симптоми освен треска и главоболка. Јас се чувствував се полошо”, изјави таа за Yahoo News Australia.
Се обидела да скија, но се чувствувала уморна, па решила да се врати дома порано. Таа во Австралија се вратила на 18. март, а тогаш слушнала чуден звук што доаѓа од белите дробови. Таа се јавила во службата за итни случаи и лекарите и рекле да остане дома, дека има грип и да земе парацетамол. Два дена подоцна таа успеала да стигне до својот лекар.