Кили нема проблем да се смени името на Македонија!

Кирил Поп Христов – Кили во изјава за американски весник вели дека нема проблем да се смени името на Македонија!

Актерот Кирил Поп Христов пред околу еден месец се врати во Македонија од Еквадор. Но, денес предизвика големо внимание со изјавата што се најде на страниците на „Вол Стрит журнал“.
„Ако луѓето можат да живеат подобро, не ми е грижа ако ја викаат и ‘Дизниленд’. Што има во името? За Македонија, членство во Западот“, вели 50.годишниот Кили во изјавата објавена денес во американскиот весник.
Кога во декември се врати во Македонија, Кили гостуваше на телевизија Телма и во интервјуто таму рече дека му недостигала Македонија.
„Ја сакам оваа земја. Оваа земја ме создала, ме изнедрила. Парче душа имам овде,“ кажал тогаш актерот кој 3,5 години живееше на Еквадор.
А, што повеќе кажува на оваа тема можеме да видиме во денешното гостување на „Еден на еден“…или за македонски медиуми ќе молчи!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот маратонски пливач и трикратен светски првак во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев

Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година. Тој e македонски маратонски пливач, …