(ВИДЕО) Пита од стар леб

Кога ќе ви остане стар леб не го фрлајте бидејќи тој може совршено да послужи за една убава пита. Исто така за фил може да искористите се’ што имате во фрижидер, малку сирење, павлака, салама…
Потребно е:
1 векна стар леб
400 мл јогурт
3 јајца
150 мл млеко
150 мл масло
сол
по желба малку печиво
Подготовка:лебот исечете го на коцки и наредете во тава намачкана со маргарин. Изматете ги јајцата со млекото, маслото, јогуртот, сол и полијте ги коцките леб. Малку избоцкајте со вилушка, да навлезе смесата. Печете во рерна загреана на 200 степени додека убаво не поцрвени.
Служете за појадок или вечера.
Совет: по желба помеѓу коцките леб можете да ставите парчиња сирење, или некоја салама и кашкавал – што ви е воља.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се празнува Преподобен Јован

Преподобен Јован Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин …