(ВИДЕО) Шненокли за брзинско засладување

Белите облачиња со ванила крем се брз и лесен десерт кој се прави кога домашните ќе посакаат нешто слатко…Ова е од оние рецепти за кои се вели „лапни голтни“
Потребно е:
1 литар млеко
5 јајца
100 г бисквити (не мора)
1 пудинг од ванила
1 кесичка ванилин шеќер
шеќер по вкус
Подготовка:5 белки изматете со 8 лажици шеќер,во цврст снег. Во 1/2 литар млеко ставете 1 лажица шеќер и префрлете на рингла, додајте ванилин шеќер. Кога млекото ќе зоврие со лажица земајте од белките и ставајте во млекото. Оставете малку да се варат, превртете ги.
Во длабока чинија, или повеќе помалечки издробете ги бисквитите и на нив ставајте ги сварените белки.
Кога сите шненокли ќе бидат сварени изматете ги жолчките, пудингот од ванила со останатото млеко (онаа останата половина литар) и истурете во млекото што врие. Сварете крем, околу 2 минути.
Со кремот полијте ги шненоклите.
Во помал сад ставете 1 лажица шеќер да се истопи, на ниска температура и со карамелот полијте ги шненоклите. Оствете се’ да се излади и послужете.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …