Тројца изгубени морнари кои се насукале на еден мал далечен остров во западниот дел на Тихиот океан, беа спасени откако спасувачите го забележале големиот натпис „СОС“ напишан од морнарите на плажа.
Морнарите минале три дена на островот Пикелот во Микронезија пред да бидат пронајдени од австралиски и американски воени авиони, објавија австралиските одбранбени сили.
Тие исчезнале откако нивната едрилица останала без гориво. Официјални лица на територијата на Гуам,САД, започнале потрага по нив во саботата овој викенд, истакнувајќи дека морнарите не го авршиле патувањето од 42 километри меѓу Пулават и Пулап.
Наместо тоа, нивната едрилица завршила на островот Пикелот, скоро 200 километри западно од местото каде што тргнале. За среќа, сите биле пронајдени на островот во добра состојба и без поголеми повреди.
Морнарите биле спасени благодарение на огромниот натпис „СОС“ на плажата, кој бил забележан од воздухот од воените авиони.
ИСЧЕЗНАЛЕ ПРЕД ТРИ ДЕНА – Големиот „СОС“ натпис на плажата ги спасил изгубените морнари на далечниот остров
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.