Познатиот британски актер Хју Грант во интервју за „The Late Show“ зборувал за неговата борба против коронавирусот, со која се сретнал на почетокот на пандемијата. Тој исто така ги открил сите необични симптоми кои се појавиле кога се заразил, а како што рекол, првиот симптом што го почувствувал е прекумерното потење.
„Наскоро после тоа, се чувствував како да имам три пати поголеми очи. Подоцна, почнав да дишам тешко, како да седи голем човек на моите гради“, објаснил тој.
Ова било проследено со губење на слухот.
„Го мирисав секој цвет, се наведнував над корпа за отпадоци. Сакав да го помирисам секој странец што ќе помине покрај мене. Кога ќе се вратев дома тој ден, ќе го испрскав парфемот на сопругата по лицето и не чувствував ништо“, додал тој.
Покрај него, се заразила и неговата сопруга Ана Еберстејн, која чувствувала скоро идентични симптоми. Двајцата успешно се опоравиле, а минатиот месец дури уживале и на одмор во Венеција.