Хуманитарни настани за Лидија Ристевска и Дејан Најдоски: „Поетите писателите и уметниците во хумана мисија”

Меѓународната хуманитарна поетска манифестација „Со босоногата по патот на светлината“ се одржува втора година по ред, а годинава е под мотото „Поетите писателите и уметниците во хумана мисија” и е посветена на болните од мултиплекс склероза и лицата со аутизам.
Во програмата на Манифестацијата од 9 до 19 октомври се одржуваат хуманитарни донаторски акции во кои се собираат парични средства за лечење во странство на Лидија Ристевска од Битола и на Дејан Најдоски од Прилеп (дете со аутизам). Поетите и писателите донираат книги кои се на аукциска продажба и одат во рацете на хуманите граѓани кои донираат пари. Хуманитарната поетска манифестација е поддржана и од уметници сликари, музичари и пеачи.
На 14 октомври, понеделник ќе се одржи втората Хуманитарна поетска вечер од 18 ч. во Битолскиот народен театар, а е посветена на битолчанката Лидија Ристевска на која ѝ се потребни средства за лечење со матични клетки во Турција.
На 19 октомври во Скопје од 18 ч, во салата на Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе се одржи завршната вечер на Меѓународната хуманитарна поетска манифестација на која ќе учествуваат поети и од Бугарија, Србија и Црна Гора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …