(ВИДЕО) Полошо странично паркирање од ова, верувајте, не сте виделе!

Старица која во вторникот во срцето на Ванкувер се обидела да се паркира странично предизвикала сообраќајна несреќа во која нејзиниот автомобил се превртел на кровот, а притоа се повредени таа и уште три лица…
Камерата инсталирана во автомобил на паркингот во Ванкувер сосема случајно снимила едно неуспешно странично паркирање. Имено, таман да тргне во „рикверц“, старицата зад управувачот на Hondа Accord притиснала гас, забрзала, удрила во зградата и се свртела на кровот.
Притоа повредила двајца минувачи, самата себе и лицето кое било на местото на совозачот, пишува CTV News. За среќа, никој не е во животна опасност.
Еве како сето тоа изгледало:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …