(ФОТО) Серена Вилијамс:„Пребарував на интернет за дечкото и дознав дека има деца од порано…“


Серена открила дека не и е едноставно со бизнисмен, коосновач на интернет страницата Редит бидејќи таа е спортистка, а Алексис е деловен тип и дека се потполно спротивни...
Тенисерката Серена Вилијамс (38) изјавила дека не знаела дека нејзиниот тогашен дечко, а сега сопруг, Алексис  Оханиан (36) има дете од претходниот брак.
„Бевме шест месеци заедно и не знаев многу за него. Користејќи го Гугл дознав дека има дете и бев во шок“, признала Серена.
Двојката се свршила кон крајот на 2016. година, ќерката Олимпија (2) пристигнала во септември 2017., а само два месеци потоа тие се венчале. Во едно интервју за американските медиуми спортистката открила дека не и е едноставно во брак со бизнисменот,коосновач на интернет страницата Редит.

„Јас сум спортистка а тој е деловен тип. Јас сум Афроамериканка а тој е белец. Потполно сме спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Напорната работа ни помага да се разбереме на различни начини“, рекла. Додала и дека не мислела дека ќе се омажи за маж кој е „со друга боја на кожата“.

„Никогаш порано не би рекла дека ќе се омажам за белец, но тоа само ви покажува дека љубовта навистина нема ниту боја ниту предрасуди. Едноставно, љубовта е таква што само се случува“, признала тенисерката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбројувањето започна – Објавен е последниот трејлер за филмот „Ф1“ пред премиерата во јуни

Чекањето завршува, бидејќи долгоочекуваниот филм за Формула 1, во кој глуми холивудскиот актер Бред Пит, …