Жената која очајно ја криела ќелавоста од дечкото, открила колку неговата реакција го променила нејзиниот живот.
Аби Ендрју спиела со својата перика шест месеци пред на светот да сподели фотографија од главата без влакна, а реакцијата на нејзиното момче толку многу ја погодила што сфатила дека нејзината ќелавост воопшто не ја дефинира.
24-годишната девојка започнала да ја губи косата кога имала само две години и и била дијагностицирана алопеција ареата. Имала избричена глава уште во третата година, но како што стареела, се нервирала што е ќелава и одбивала да ја напушти куќата без перика.
Како дете, таа го напуштила тимот за пливање и одбила да оди на возовите на смртта од страв дека ќе ја изгуби периката. Кога во нејзиното училиште се појавиле гласини дека носи перика, таа почнала да ги избегнува луѓето од страв. Иако се обидувала да биде поотворена во врска со нејзината алопеција додека студирала, Аби била нервозна поради тоа што ќе мора да се отвори пред партнерот, пренесува The Mirror.
Кога почнала да излегува со своето прво момче во 2014 година, таа спиела со периката шест месеци од нивната врска, за да тој не открие. „Кога започнав да се дружам со моето прво момче, криев дека секој ден носам иста перика“, рекла таа.
“Почнав да се дружам со него во март 2014. година и премногу се исплашив да ме види без перика – шест месеци. Обично, тоа значеше дека ќе спијам со перика ако останев кај него”, вели таа. Но, во август, таа одлучила да ја сподели својата тајна со светот.
Таа вели дека и било доста од тајната и споделила фотографија на Фејсбук. И’ нејзиното момче открило од Фејсбук. Таа истакнала дека се плашела од неговата реакција, но тој ја поддржал и и’ рекола дека е задоволен што се отворила.
“Долго време одбегнував состаноци затоа што знаев дека ќе морам да се отворам пред некого ако почнав да го запознавам. Кога мојот дечко тогаш ја виде сликата, тој не се грижеше и тогаш сфатив дека да се биде ќелав не значи дека не си можел да бидеш во врска.”
Таа вели дека сфатила дека на повеќето момци не им е гајле и дури после тоа пробала бројни апликации за запознавање со фотографии со и без перика.
„Имав многу состаноци и за повеќето момци тоа беше нешто со што би го започнале разговорот. Некои момци ми рекоа дека е инспиративно и тие мислат дека е супер“.
„Да се има алопеција всушност функционира како филтер“, вели Абеј, додавајќи дека оние кои се плитки веднаш отпаѓале.
Во 2015 година, Аби отворила канал на ЈуТјуб каде зборува за алопеција и перики. Вели дека сега се чувствува пријатно кога ја напушти куќата без перика. „Ние губиме коса заради алопеција, која не можеме да ја контролираме, но можеме да контролираме колку ќе дозволиме таа да влијае на нас емоционално“, рече Абеј, која исто така ужива денес и во Косплеј.
“Животот е премногу краток за стрес околу косата. Посакувам порано да се отворев за алопецијата”.