(ФОТО) Сите се испокарале поради оваа фотографија од терористичкиот напад на Њујорк!

Авторот фотографијата ја објавил пет години по терористичкиот напад.Сликата од Томас Хупекер, направена на 11.09.2001 година, за време на нападот на СТЦ во Њујорк, предизвикала можеби најмногу контроверзии. На фотографијата е прикажана група млади њујорчани кои разговараат безгрижно на сонце во паркот во Бруклин. Зад нив се крева црн облак чад над Менхетен, сето тоа се случува во моментот на најтешкиот терористички напад во историјата на САД, во кој животот го загубија скоро три илјади луѓе. Авторот одлучил да не ја објави фотографијата во 2001 година, но не ја објавил ниту во книгата во која се прикажани сите фотографии направени од фотографи од „Магнум Фотос“, за кои работел и Хоепкер, кој го забележал хоророт од терористичкиот напад.
Фотографијата била официјално објавена дури во 2006. година, петтата годишнина од нападот и оттогаш генерирала голем број коментари. Колумнистот на „Њујорк Тајмс“ Френк Рич за фотографијата напишал дека се гледа колку Американците пропуштиле за да научат од оваа трагедија, но исто така ја пропуштаат можноста да се променат и да се реформираат како народ.
„Младите на фотографијата не се бездушни. Тие се само Американци“, напишал тој. This is a modal window.The media could not be loaded, either because the server or network failed or because the format is not supported. Со други зборови, во земја во која сите веруваат во подобро утре, младите луѓе на фотографијата утре живеат подобро, и покрај притаената сцена зад грбот што остави вечна лузна на американската нација.
Но, толкувањето на оваа фотографија не наишло на разбирање. Човекот десно од фотографијата, Волтер Сипсер, тврди дека тој и неговата девојка сончајќи се на ѕидот биле во еден вид шок, потполно ужаснати од тоа што се случува зад нив. Двојката се пожалила дека Хапекер ги сликал без нивно знаење и одобрување и дека погрешно ги претставил нивните чувства и однесување. Меѓу стотиците фотографии направени на 11 септември 2001 година, оваа се издвојува како „уметничка“, како иронична, дистанциран призор за настаните. Според некои, оваа фотографија кажува нешто друго – животот не запира без оглед на тероризмот, а луѓето на фотографијата се едноставно живи, пишува новинар од Гардијан.
Во прилог ви донесуваме неколку фотографии од ужасот во Њујорк кои долги години не биле објавени:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …