(ФОТО) РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Поради оваа одлука на Меган и принцот Хари неговиот брат и татко потполно збеснале!

Членовите на британското кралско семејство не ги поддржуваат принцот Хари и војвотката од Сасекс во намерата да ја „свиткаат хартијата“ против таблоидите
Меган Маркл (38) и принцот Хари (35), наводно, не разговарале со другите членови на кралското семејство за нивната одлука да ги тужат британските таблоиди, што резултирало во нова семејна расправија.

Поточно, кралскиот дописникот на Daily Express, Ричард Палмер, тврди дека никој во британското кралско семејство не ги поддржува принцот Хари и војвотката од Сасекс. Тој изјавил дека принцот Вилијам и принцот Чарлс се дистанцирале.
Ден откако принцот Хари го објавил писмото на тужбата, Палмер рекол дека другите членови на кралското семејство сесрамат поради нивната одлука.


Да потсетиме, принцот Хари ги тужел Daily Mirror, The Sun и News of the World за наводно прислушување на неговиот телефон. Бакингемската палата го потврдила ова.


Меган поднела тужба против таблоидот Mail on Sunday затоа што без нејзина дозвола тие објавиле писмо што му го напишала на нејзиниот татко Томас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …