Хорор во палатата на Вилијам и Кејт: Од езерото извлечен леш

Минатата недела се случил хорор инцидент пред палатата Кенсингтон, каде живеат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ.
Од езерото пред палатата, бил извлечен леш а „Daily Mail“ пишува дека починатата жена првично била идентификувана како 51-годишната уметничка Енделион Лисет Грин, која исчезнала пред една недела.
Британската полиција, сепак, ја пронашла Грин жива и се покажало дека телото извлечено од езерото и припаѓа на друга жена. Починатата жена сè уште не е идентификувана, а портпаролот на Скотланд Јард за Daily Mail  изјавил дека истрагата е во тек.
Војводата и војвотката од Кембриџ не се огласија по овој повод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …