Канје Вест во својата претседателска кампања за изборите во САД, инвестирал 6,76 милиони американски долари вклучително и милиони што им ги дал на политичките оперативци кои му помогнале да излезе на гласање.
Канје Вест ја објавил својата кандидатура на 4. јули. Вест досега потрошил 5,87 милиони долари за кампањата. Од тоа, 2,7 милиони долари се наменети за Millennial Strategies, компанија со седиште во Лонг Ајленд, Њујорк, пишува Variety.
Тој, исто така, потрошил 1,5 милиони долари на Fortified Consulting, со седиште во Темпа, Аризона. Најголеми донатори на Вест се Мек Тајлор од Сан Франциско, кој работи во дизајнот во „Епл“ и модната дизајнерка Лоренс Чендлер. Секој од нив и даде на кампањата илјада долари.
Многумина се прашуваат дали оваа кандидатура е само реклама за музичката кариера на Вест.
ИЗБОРИ ВО САД – Канје Вест вложил 6,8 милиони долари во претседателската кампања
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.