Главниот американски епидемиолог најавува:„Вакцината против коронавирусот нема да биде во потполност ефикасна!“

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи смета дека вакцината против коронавирус нема да биде целосно ефективна. Според него, шансата вакцината да биде 100% ефикасна не се големи.
„Не знаеме колку ќе биде ефикасна – без разлика дали тоа ќе биде 50. или 60. проценти. Јас би сакал ефикасноста да биде 75. или повеќе проценти“, рекол тој, обраќајќи се на семинар преку интернет на универзитетот Браун.


Тој посочил дека концептот на јавното здравство, како што рекол, никогаш не треба да се напушти затоа што е невозможно да се развие вакцина што е ефективна до 98. проценти, објави Sky News. Ова значи дека луѓето во Соединетите Држави и на други места мора да продолжат да одржуваат физичко растојание, да носат заштитни маски и да избегнуваат гужва со цел да се запре ширењето на вирусот.
Американските власти велат дека секоја вакцина ќе треба да се разгледа пред да биде одобрена за употреба. Во оваа земја, од почетокот на пандемијата се заразени повеќе од 5. милиони луѓе, додека 160.000 починале.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …