ПОТВРДЕНО – Во подготовка се четвртиот и петтиот дел од франшизата Џон Вик

Кијану Ривс повторно во улога на платен убиец…
Филмското студио „Лионсгејт“ потврдило дека акциската франшиза Џон Вик ќе го добие својот петти дел.
Веста дојде вчера од првиот човек на куќата, Џон Фелтхајмер, кој посочил дека петтиот дел од филмот ќе биде снимен заедно со четвртиот, чие издание е закажано за 27. мај 2022. година.
Снимањето е предвидено да започне на почетокот на следната година, а неговиот точен почеток ќе зависи од обврските на првата fѕвезда Кијану Ривс.
Првиот дел од филмот Џон Вик беше објавен во 2014. година, а неговата заработка во светски рамки беше приближно 87. милиони долари, додека буџетот на филмот беше само 20. милиони.
Вториот дел излезе во 2017. година и направи „бум“ на благајните со светска заработка од 172 милиони долари. Тоа беше доволна причина „Лионсгејт“ да сними ново продолжение, кое излезе во 2019. година и ги надминува сите очекувања. Филмот заработи дури 327. милиони долари.
Џон Вик зборува за поранешен платен убиец, кој се враќа во светот на криминалот при повик на неговиот најдобар пријател Маркус, кога неговата сопруга ќе умре.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …