(ВИДЕО) ПОСЛЕ БРОЈНИ ОДЛАГАЊА: „Тенет“ на Нолан премиерно ќе биде прикажан во почетокот на септември во Кина

Веројатно најочекуваниот филм од 2020 година, „Тенет“ на Кристофер Нолан, ќе ја има својата светска премиера овој септември во Кина, пишува Variety.
Пандемијата на коронавирус во голема мерка ја наруши филмската индустрија, што е транспарентно видливо во поместувањето на премиерата на „Тенет“. Овој филм првично требаше да биде претставен на 17. јули, датумот на премиерата наскоро беше преместен на 31. јули, а потоа и на 12. август.
Продуцентите тогаш одлучија да ја одложат американската премиера до понатаму и почнале да ја разгледуваат идејата за прикажување на филмот надвор од границите на Соединетите држави.
Иако се зборуваше за премиера во една од европските престолнини, според последните информации, продуцентите се определиле за Кина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …