(ФОТО) ЖИВОТОТ ПИШУВА ДРАМИ – ЈА АМПУТИРАЛА НОГАТА ЗА ДА СИ ГО СПАСИ ДЕТЕТО: Жртва е на лице кое ПИШУВАЛО ПОРАКИ ДОДЕКА ВОЗЕЛА а направила се да го спаси животот на својата НЕРОДЕНА ЌЕРКА!

Кејтлин Коннер (29) од Тексас се возела со својот тогашен сопруг Џејсон, на мотор, кога во нив удрил автомобил.Жената зад воланот пишувала пораки додека возила и не ги ни видела. Конер била пренесена во болница со сериозни повреди на нозете, скршени коски на ногата и сериозни рани од лизгањето по патот.
Неколку часа по првата операција, кога се разбудила, нејзината сестра и рекла дека е бремена четири недели.


This is me running away from people who don't believe in what I'm doing. #bemoreadaptive #yourworthit #bestrong #bebrave #bebold #beyou

Gepostet von Caitlin Conner am Dienstag, 27. August 2019


“Јас одлетав од моторот и паднав на грб додека Џејсон полета од моторот. Се сеќавам како се превртував и се лизнав по патот. Кога седнав и ја погледнав ногата, глуждот ми беше исчашен. На патот кон болницата им реков на лекарите дека се обидуваме да добиеме бебе. “Тие беа последни што ме прашуваа пред операцијата дали сум бремена. Им реков дека се обидуваме, но последните два теста беа негативни. Потоа заспав од анестезија”, рекла Конор.
Поради нејзината бременост, таа можела да добие само минимална доза на анестезија и лекови против болки, после последователни операции, за да не му наштетат на бебето.
Но, за да ја спасат нејзината нога, тие морале да ги повратат мускулите и тетивите, да ги поправат скршените коски и да земат коска од колкот за да ја наполнат дупката во левиот глужд.
После две недели и шест операции, таа решила да ја ампутира ногата за да го спаси бебето од операции.
„Штом слушнав дека сум бремена, имав некој друг за да се грижам и да не се фокусирам само на себе“, објаснила таа.


Gepostet von Caitlin Conner am Montag, 28. November 2016

„Се’ се вртеше околу моето бебе. Ногата повеќе не ме дефинираше како личност, но бебето да“, мислев така.
Коннер добила протетичка нога, а целта и била да научи да чекори пред да ја роди ќерката.
Било крајно напорно бидејќи нејзиното тело се сменило како резултат на бременост, зголемување на телесната тежина и стрес на ‘рбетот. Но, оваа храбра мајка не се откажала.
Откако се породила, таа започнала да вежба за да изгради мускули и да стане посилна за да може да се грижи за својата ќерка.

Gepostet von Caitlin Conner am Sonntag, 9. Juni 2019

„Почнав да вежбам што повеќе спортови за да видам што можам да направам. Така, открив љубов кон триатлон, пливање, возење велосипед, скијање, уметничко лизгање и бокс“, рекла таа.
Таа, исто така, започнала да се натпреварува како пара-спортист.
„Сакам да ги инспирирам другите да пробаат работи што ги плашат. Најдоброто нешто што можете да го направите во животот е да пробате“, заклучила Конор.

Екран.мк/24sata.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …