(ФОТО) Зад најубавата насмевка се крие трауматичната приказна на холивудска ѕвезда: Ја силувале на врвот на кариерата и останала бремена

Синот што го родила мислел дека е негова сестра…
Познатата убавица и актерка Клаудија Кардинале со својот изглед ја шармираше Италија, а потоа и целиот свет.
Нејзината ѕвезда блесна во текот на шеесетите и седумдесетите години на минатиот век кога го освои Холивуд.
Родена е на 15. април 1938. година како Клаудија Џозефина Роуз Кардинале во мал град во Тунис. Таа има италијанско потекло, а во родниот град се школувала за учителка.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Claudia Cardinale (@claudiacardinalecc)



Во 1957. година победила на натпреварот „Најубава Италијанка во Тунис“, а наградата била патување во Италија. Немала поим дека тоа целосно ќе и го промени животот и ќе ја одведе по сосема поинаков пат.
Клаудија вели дека тоа било судбина, бидејќи токму на тоа патување ги шармирала филмските режисери и на 19. години го потпишала својот прв филмски договор. Од тој момент нејзината кариера само растела и тргнала по нагорна патека.
Во годините што следеа, таа ги направила некои од најпознатите достигнувања во историјата на филмот, како што се „Роко и неговите браќа“, „Девојката со куферот“, „Леопардот“, „Картуш и Осум и пол“ на Федерико Фелини, што ја направи најпознатата актерка во Италија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Claudia Cardinale (@claudiacardinalecc)


Веќе во 1963. година, само шест години по нејзиниот прв филмски договор, убавата Клаудија го освои вниманието на продуцентите на најголемите филмски магнати во Америка и Велика Британија, благодарение на комедијата „Пинк Пантер“.
Потоа следеа низа успешни филмови, меѓу кои и култниот вестерн „Беше еднаш на дивиот запад“ на Серџо Леоне.
По пет години живеење под силните светла на Холивуд, на Клаудија и пречело тоа што забележала дека улогите се повторуваат и дека нема ништо ново. Таа не сакала да стане клише, па се вратила во италијанскиот и францускиот театар, каде што осцвоила уште една во низата награди за најдобра актерка.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Claudia Cardinale (@claudiacardinalecc)

Траума која засекогаш и го променила животот
Токму кога почнала да гради успешна филмска кариера, еден настан и го променил животот засекогаш. Тој трауматичен настан оставил голема трага и ја следел во текот на целиот нејзин живот. Имено, Клаудија била силувана од непознат Французин, а по трауматичното искуство останала во друга состојба. Не ни помислувала да ја прекине бременоста, но со оглед на тоа дека градела кариера во Холивуд, ја советувале да не открива дека чека дете.
Нејзиниот ментор Франко Кристалди ја испратил во Лондон во седмиот месец кога бременоста веќе не можела да се крие. Таа родила син кој го нарекла Патрик, но родителите на Клаудија се грижеле за него, а Патрик до 8-годишна возраст верувал дека Клаудија е негова сестра.
Меѓу Клаудија и Френк се родила љубов, а тие се венчале во Атланта. Тој го усвоил нејзиниот син и иако изгледало дека живеат хармоничен живот, тие се разделиле во 1975. година. Актерката се заљубила во Паскал Сквитиери, поради кој го оставила сопругот Франко Кристалди. Таа била во брак со него до неговата смрт во 2017. година. Од бракот ја добиле ќерката Клаудија.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Claudia Cardinale (@claudiacardinalecc)

До 2010. година, Клаудија водела активен актерски живот, кога решила малку да забави со снимањето и улогите.
Во деветтата деценија од животот таа продолжува да живее „радосно, слободно и смело“, како што вели и самата. Таа во 2017. година беше заштитно лице на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, а во таа прилика изјави: „Не ги разубавив годините, ниту направив нешто против брчките. За тоа им се извинувам на многумина“.
Денеска има 84. години и е голем поддржувач на правата на жените. Исто така, од март 2000 година таа со гордост ја носи титулата Амбасадор на добра волја на УНЕСКО за одбрана на правата на жените.
Во февруари 2011. година беше прогласена за една од 50-те најубави жени во целата филмска историја.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …