Емилија Кларк, актерката која се прослави со улогата во серијата „Game of Thrones“, изјавила дека дел од мозокот не и функционира поради аневризма.
Значи, аневризмата е абнормално проширување на крвните садови. Кларк ја доживеала првата аневризма во 2011. година, а втората во 2013. година. Нејзиниот живот бил во опасност. За среќа, се’ се завршило добро.
„Дел од мојот мозок не функционира. Фактот дека сè уште можам да зборувам и да живеам нормално е неверојатен. Јас припаѓам на малиот број луѓе кои успеаја да го преживеат ова”, рекла таа.
View this post on Instagram
Таа објаснила дека ако одреден дел од мозокот не прими крв во секунда, тој едноставно умира. Првата операција, на која таа била подложена во 2013. година, не била успешна.
„Обилно крварев и лекарите ми рекоа дека имам мали шанси да преживеам освен ако повторно не ме оперираат. За време на втората операција ми го отворија черепот“, рекла таа.
Таа има лузна која се протега од скалпот до увото. После се низ што поминала, решила да ја основа хуманитарната организација SameYou, која собира пари за луѓето кои закрепнуваат од операции на мозокот и мозочни удари.
Фото: Принтскрин/Instagram