(ФОТО) Свршеницата на Дарко Лазиќ објавила прва фотка со него:„Мојот живот!“

Како што пишуваат српските медиуми пејачот планира Марина да роди во една од најдобрите болници во Швајцарија и таму да продолжат да живеат. Дарко имал многу пријатели во Цирих кои ќе му понудат „кров над глава“ и ќе му излезат во пресрет…
Откако мајката објавила фотографија со фолк пејачот Дарко лазиќ (27), сега тоа го направила и неговата свршеница Марина Гагиќ.


„Мојот живот“ била куса Марина која е во четврти месец на бременост.
Веста дека Марина е бремена прво ја потврдила мајката на пејачот, а потоа и таа самата.
„Не знам како, но почувствував, а и на Дарко и мене ни претстои живот. Чувствувавме дека наскоро ќе станеме родители. На Дарко тоа му даде сила да се опорави и ненормална желба што побргу да застане на нозе“, раскажала свршеницата на Лазиќ.
Како што пишуваат српските медиуми пејачот планира Марина да роди во една од надјобрите клиники во Швајцарија и таму да продолжат да живеат.


„На Дарко веста дека повторно ќе стане татко му го промени животот. Последните месеци му се случуваа лоши работи кои сака да ги заборави и да тргне понатаму. Знае дека е најдобро за него да продолжи да живее вон границите на нашата држава, и поради натамошно опоравување и поради мирот и приватноста“, рекле пријатели на Дарко. Му предлагале да се пресели во Виена бидејќи таму би имал многу настапи, но Лазиќ сето тоа, велат приајтелите, не го сфатил сериозно.


При преселувањето во нова држава во се’ ќе му помогне неговиот менаџер Мерсед Хаџиќ, но и други луѓе.
„Лазиќ има доста пријатели во Цирих кои ќе му понудат кров над глава и ќе му излезат во пресрет додека не се снајде“, рекле пријателите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …