(ФОТО) Ќерката на Џени Чен се венчала со 12. години постарата девојка

Девојките во април јавно побарале помош преку видео на Јутјуб бидејќи тврделе дека се бездомнички поради своите хомофобични родители. Тогаш се огласила мајката на Ета Нг која рекла дека девојките ѕтреба да си најдат работа…
Ќерката на глумецот Џени Чен (64), Ета Нг (19) се омажила за Ани Оутмн (31), пишува BBC.
Девојките се заедно од 2017., а среќните вести за бракот ги споделиле на социјалните мрежи.
Се венчале во Канада а продолжиле да живеат во Хонг Конг.


„Сите некогаш сме повредени, но доколку сонувате за љубовта, тогаш можете и да ја пронајдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е сила и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува“, напишала Ета на социјалните мрежи.


Девојките во април јавно побарале помош преку видео на Јутјуб бидејќи тврделе дека се бездомнички поради своите хомофобични родители. Тогаш се огласила мајката на Ета Нг која рекла дека девојките треба да си најдат работа, а не да се потпираат на славата на родителите.


Етн е единствена ќерка на Џеки Чен која ја добил со глумицата и бивша азиска мисица Елеин Нг Ји (45) со која имал куса афера. Меѓутоа, Ета пораснала сама со мајка и, а Џеки никогаш немал контакт со неа.
Чен е во брак од 1982. година со Лин Фенг-Јиао (65) со која го има синот Џејси Чен (35) кој е исто така глумец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …