(ФОТО) Мијата со акустичната кабаре претстава „Јаболки и круши за уметнички души“ во Македонската филхармонија

В петок, на 30 ноември, во 20. часот, во камерната сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот на Мијата наречен „Јаболки и круши за уметнички души”, што всушност претставува акустична кабаре претстава и одлична симбиоза на музиката и театарот.
Режијата на перформансот е на Војо Цветановски, а „делото“ го сочинуваат: Мијата како вокал, Мето Јанакиевски во улога на пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов на пијано, Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии) и Кирил Туфекчиевски на контрабас. Ангела Здравковска ќе биде придружен вокал, Тања Рибарска ќе ја има улогата на инспициент, а за рецитациите ќе биде задолжена Јелена Мијатовиќ.


„Создадовме прекрасен перформанс кој изобилува со моја музика изведена од повеќе акустични инструменти како што се гитара, контрабас, перкусии, пијано… За уживањето да биде уникатно, на сцената ќе има и пантомимичар и рецитатор. Овој акустичен кабаре концерт ќе биде вистинско уживање за публиката, органска музика за сите сетила“, вели Мијата.


Преку „Јаболки и круши за уметнички души” Мијата ја раскажува својата приказна преку своите песни, но на еден многу интимен начин.
„Сѐ започна од јаболкото. Серпентијата ме научи како да се насладувам со сокот јаболков“, вели македонската пејачка.
Ова е ретка можност еден вокален изведувач да се најде во улога и на актер и тоа во концертно издание. Мијата со сите овие уметници на сцена, ќе создаде едно ново видување на својата музика раскажано на акустичен начин и ќе ги соедини за миг, музиката и театарот.
„Едно е сигурно, заедно со публиката во прекрасниот амбиент на Камерната сала на Македонската филхармонија, ќе создадеме ноќ за паметење“, додава Мијата.
Билетите по цена од 400 денари се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …