Најавени два концерти на Каролина, за денот на вљубените, со Македонска филхармонија

Нашата најголема музичка ѕвезда, Каролина Гочева, за првпат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија, најавуваат од нејзината матична продуцентска куќа „Авалон“.

Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15 и 16-ти февруари и ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.


Новата сала на Македонската филхармонија како убедливо најдобра сала од тој тип во Европа во моментов, овозможува 100 отсто услови за неверојатно квалитетен музички производ каков што сме сигурни дека ќе добиеме од Каролина и сите музичари во вечерите на 15 и 16-ти февруари.


Како што велат од продукцијата, влезниците се во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари и ќе бидат пуштени во продажба од среда (28.11) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …