Повеќе од 120.000 луѓе за време на Black Friday во Skopje City Mall

Рекордна посетеност за Black Friday и викендот

Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце брендирани кеси – ова е сликата на која беа сведоци сите кои го посетија Skopje City Mall викендов. Попустите кои беа дел од Black Friday & Weekend акцијата на најголемиот трговски центар кај нас привлекоа над 120.000 посетители кои ги искористија одличните услови да купат нешто за себе, но и за најблиските.



“Нашата цел е да овозможиме најдобри услови за незаборавен шопинг, и успеваме во тоа. Потврда за тоа е рекордната посетеност која ја имавме во овие три дена, а тоа е 120.000 посетители. Скопје Сити Мол како никогаш до сега, беше полн со задоволни лица. Голема благодарност до нашите закупци кои направија овој Black Friday да помине во најдобар ред и што овозможија одличен шопинг.“ – изјави Дамјан Корубин од маркетинг секторот на Skopje City Mall.


Според посетителите, како и секоја година така и оваа, Skopje City Mall навистина понудил одлична забава и попусти.
“Како редовни посетители на Skopje City Mall секогаш сме задоволни од понудата која ни ја овозможуваат. Оваа година за Black Friday имаше навистина добри понуди. Направивме шопинг и сме презадоволни.” – изјави еден од задоволните купувачи.
За време на шопингот можеа да се забележат посетители од буквално целиот регион. Имаше од буквално цела Македонија, а возила со регистарски таблички имаше од Косово, Албанија, Србија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …