(ФОТО) Софија Вергара згодна во модел на супер skinny фармерки кој може да и направи проблем

Софија Вергара за опуштен ручек со пријателите на Беверли Хилс избрала супер skinny фармерки и „вртоглави“ штикли на платформа.
Инаку, фармерките и штиклите се омилен моден избор на Софија, но овојпат избрала модел на фармерки кој може да биде незгоден.
Фармерките со (премногу) низок струк многу жени одбиваат да ги носат бидејќи при седнувањето, наведнувањето и клекнувањето можат премногу да се спуштат на задниот дел и пременогу да откријат и така да предизвикаат моден „гаф“.

Но, глумицата Софија Вергара, за дружење со пријателите, сепак се одлучила да облече супер skinny фармерки со низок струк кои го откриле нејзиниот тенок струк и максимално ги нагласиле феноменалните нозе на 45. годишната Колумбијка.


Свето сините фармерки со искинати делови Софија ги искобинирала со кус летен „топ“ на сино-бели линии на дизајнерката Џоана Ортиз.


Младешкиот летен аутфит Софија го комплетирала со вртоглаво високи кафеави сандали со платформа од коноп и бел чанта од модната куќа Шанел.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …