Кристина Агилера настапила во Rockefeller Plazа во Њујорк,за да го промовира својот осми студиски албум „Liberation“.
За настапот избрала бела туника, црни високи чизми, мрежести чорапи и очила за сонце кои моментално се најголем хит.
Пејачката никогаш не ја криела својата борба со одвишните килограми, но се чини дека не се оптоварува премногу со тоа дека треба да изгледа како во времето на својот најголем хит „Dirrty“.
„Времето минува, јас се променив а со тоа и мојот однос кон телото но и критиките од јавноста и моите блиски соработници. Порано морав да внимавам на секој залак бидејќи јавноста знаеше да ме критикува за изгледот па често бев на работ на изгладнетост. Сега сум во фаза кога мислам дека е најбитно како јас се чувствувам, а не верувам дека фановите премногу ќе ми забележат што имам отповеќе килограми“, рекла Кристина Агилера.