(ВИДЕО) Ведрана Рудан вербално ја нападнала Јована (госпоѓа Жељко Јоксимовиќ) – во живо во емисија!


Ведрана Рудан гостувала во утринската програма на белградската „Прва ТВ“ која ја водат Јована Јоксимовиќ, сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ. Ведрана српскиот водителски пар го шокирала со коментари во свој стил.
Имено, хрватската писателка ја промовирала својата нова книга „Костури на округот Медисон“, во која главната хероина веќе петтиот ден по венчавката сфаќа дека згрешила.
„Го сфатила тоа што и вашата сопруг го сфатила“ му рекла на збунетиот водител Предојевиќ и му кажала дека неговата сопруга има љубовник.

https://youtu.be/eF0FDh-ocPw


„Пет дена по венчавката? Дека лошо избрала. И сега сиротицата ’се крши’. За среќа, има љубовник па тоа малку и помогнува, но – сирота жена!“, рекла Ведрана Рудан и создала малку напната ситуација во студиото.
Својата доза од Ведрана Рудан ја добила и Јована.
„И таа е сирота, има онаков грд маж и неуспешен. Таа преубава, а тој – сираче“ рекла Ведрана за Јована.Потоа на српската водителка и приговорила зошто неодамна во емисијата ја прашала Јелена Розга кога ќе роди а потоа и рекла дека нејзиниот сопруг Жељко е антипатичен.
„Бидејќи е убав и успешен, сите жени го сакаат, Хрватките се луди по него, убаво пее…’, набројувала Рудан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Одбележале децении – Евровизискиот натпревар се ближи, а еуфоријата никогаш не е помала: Се сеќавате ли на најголемите хитови што ја освоија Европа?

Почнувајќи со хитот „My Number One“ преку изведувачи како Сакис Рувас или Руслана – Евровизискиот …