(ФОТО) Сите се сеќаваме на неа од филмот „Валкан танц“: Каде исчезна глумицата Џенифер Греј?

Денес, Џенифер Греј не личи на себе, не заради возраста, туку заради лошо извршените операции. Го уништи лицето и поради корекција на носот, таа веќе не личи на себе. Контроверзната операција која ја претрпе во раните 90-тти ја чинеше нејзината кариера, бидејќи како што и самата вели: „Отидов под нож како славна личност а завршив како анонимка. Тоа беше операција од пекол. Секогаш ќе се паметам како некогаш познатата актерка која никој веќе не го препознава“.


Поминаа точно 33. години откако филмот Dirty Dancing ја виде светлината на денот, а во 1987. година, Џенифер имаше само 26. години кога ја доби улогата на Бејб Хаусман и кога нејзиниот партнер беше покојниот Патрик Свејзи.
Денес, 60-годишната Џенифер се сеќава на другите филмови кои ја одбележаа нејзината кариера во 80-тите години на минатиот век, „Клубот на памук“ и „Денот на Ферис Булер“. Таа се сеќава на друг филм во кој Патрик Свејзи и беше партнер – „Црвена зора“ во 1984. година.После неколку години, тие повторно глумеа во филм за кој никој не помисли дека ќе стане хит. Таа беше номинирана за Златен глобус за таа улога.



Џенифер Греј имаше бурна љубовна врска со Џони Деп, Мајкл Џ. Фокс, но и сегашниот сопруг на Сара Џесика Паркер – Метју Бродерик.
Денес е во брак со актерот Кларк Грег, со кого има ќерка, Стела, која ја добиле во 2001 година. Живеат во Лос Ангелес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …