Шестгодишен Израелец открил глинена плочка стара 3500 години

ЕДЕН шестгодишен Израелец, за време на патување на терен со неговите родители на југот на земјата, нашол 3.500 години стара глинена плочка за која археолозите сметаат дека е единствена.
Семејството се шетало низ селото Реим во јужен Израел во март, кога момчето забележало мала плочка со две изрезбарени фигури, објави во понеделникот израелската управа за антиквитети.
Случајот веднаш бил однесен на експерти за проценка.
На плочакта се гледа како војник во здолниште со појас турка гол заробеник, чии раце се врзани зад грб, објаснуваат експертите, додавајќи дека уметникот сакал да го покаже понижувањето на затвореникот.
Израелските власти велат дека откритието ќе придонесе за нивното досегашно истражување на илјадагодишниот ханаански град Јерзи.


Хананејците биле народ спомнат во Стариот завет. Голем дел од нивната земја, наречена Ханаан, подоцна ќе стане позната како Израел.
Ханаанците живееле во тој дел околу 2000 година п.н.е. Живееле во области кои, според античките текстови, веројатно вклучувале делови од современ Израел, палестинска територија, Либан, Сирија и Јордан.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …