(ФОТО) Сите се сеќаваме на неа од филмот „Валкан танц“: Каде исчезна глумицата Џенифер Греј?

Актерката која го заведе Патрик Свејзи во култниот филм скоро исчезна.
Сите навивавме за Бејб и Џони во култниот филм „Dirty Dancing“ (Валкан танц), но тоа беше пред повеќе од триесет години. Оттогаш, одвај сме чуле каде е и што работи sвездата на филмот – Џенифер Греј.
По големиот успех на филмот „Валкан танц“, кариерата на Џенифер Греј заврши. Филмот беше објавен во 1987. година, а веќе во раните 90-ти, актерката не доби позначајни улоги. Сеуште ја паметиме како пријателка од детството Рејчел Грин (Џенифер Анистон), Минди од серијалот „Пријатели“, а се појави и во серијалот „Куќа“.


Таа го освои американското шоу „Танцување со sвездите“ во 2010. година.
Интересно е и тоа што таткото на актерката е многу познат и почитуван во Холивуд. Џоел Греј е добитник на наградата Оскар, Златен глобус, Бафта и Тони за неговата улога во филмот „Кабаре“, во кој ќерката на Џуди Гарланд, Лиза Минели, стана позната во 1972. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …