(ФОТО) Селена Гомез наполни 30. години: Нејзиниот живот го следеа разни трагедии

Актерката и пејачка Селена Гомез, која зад себе има богата кариера, наполни 30. години.

View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Многу актери ја започнаа својата кариера во сериите и филмовите на Дизни, а една од нив беше и Селена Гомез. Нејзината прва улога беше во серијата „Барни и пријателите“, која беше исклучително популарна. По таа улога продолжила да добива ангажмани во исти или слични проекти, но тоа и го попречило нејзиниот возрасен пат во актерската кариера.


View this post on Instagram

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Низ нејзиниот живот следеа разни трагедии кои оставија трага и психички и физички. Првиот вносен договор го потпишала веќе на 16. години, но таа слава и донесе проблем со менталното здравје.
Тогаш и беше дијагностициран лупус, хронична автоимуна болест, а за тоа колку е сериозна нејзината состојба доволно говори трансплантацијата на бубрег на која морала да се подложи во 2017. година. Бубрегот и го донирала нејзината блиска пријателка Франсиа Раиса.

Голем дел од нејзиниот живот одбележа и канадскиот пејач Џастин Бибер. Таа токсична врска траеше од 2010. година, кога почнаа да се забавуваат, до 2018. година, кога стана јасно дека пејачот својата иднина ја замислува со манекенката Хејли. Колку и да се чинело дека се среќни заедно, вистинската драма се одвивала зад затворени врати.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …