(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА – Мајмуни фатиле за коса мало девојче откако удрило во кафезот


За среќа, малото девојче успеало да се ослободи и не изгледало повредено, иако било очигледно дека претрпела страв и болка…
На социјалните мрежи кружи видео од зоолошка градина во Мексико. На видеото се гледа прво еден мајмун, а потоа друг како ја фаќа за косата девојчето откако таа го клоцнала нивниот кафез.
За среќа, девојчето успеало да се ослободи и не изгледало повредено, иако било очигледно дека претрпела страв и болка.
Девојчето го држеше мобилниот телефон со едната рака и се обидувало да сними како удира по страната на кафезот за кој се држеше еден од мајмуните.
После тоа мајмунот ја протнал левата рака низ оградата и зграпчил прамен од косата на девојчето додека таа се борела да се ослободи. Набрзо пристигнала помош, мајмунот и ја пуштил косата, но додека таа одела кон излезот, тој ја грабнал повторно, а во ова му се придружил уште еден мајмун.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со концертот на Kadonnut Manner започнува концертниот серијал „Нова пролет“ во организација на Канал 103

Нова пролет за Стотројка. Концерт на Kadonnut Manner и почеток на роденденските музички свечености на …