(ФОТО) Секој за своето: Еве кого обвинува госпоѓа Јанакиеска за притворот на нејзиниот сопруг и бегството на Груевски!

Секој има право да си го брани своето па истото го направи и Сања Јакимоска, сопругата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески…
Сања, на „Фејсбук“ напиша дека одлуката на Апелацискиот суд во Скопје за притворот на нејзиниот сопруг и на Кирил Божиновски е политички линч, а не правда.

„Политички линч, наместо правда! Апелацискиот суд е должен да одговори дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство. Каде се тие сметки? Кој ја зборува вистината, анонимниот извор на УБК или претседателот на РМ. г. Ѓорге Иванов? Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со претседателот Иванов и со Миле Јанакиески? Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права? Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не поради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, напиша сопругата на Јанакиески.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …