(ФОТО) Меган Маркл и принцот Хари ги избрале кумовите за нивното дете: Пријателството ќе прерасне во кумство!

Војводата и војвотката од Сасекс го чекаат своето прво дете кое на свет ќе дојде во април наредната година, а кумовите на следното кралско бебе се веќе познати.
Имено, славниот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал,ќе го крстат детето на принцот Хари и бившата глумица Меган маркл. Тоа за „Дејли Меил“ го открил роднина на Клуни, Бен Бринслин, но ниту глумецот ниту од Кенсингтонската палата тоа не го потврдиле.
Оваа информација и’ не е големо изненандување со оглед на тоа дека Клуниеви и принцот Хари и Меган се многу блиски. Особено се блиски Меган и Амал, бидејќи адвокатката многу и помогнала на сегашната војвотка по нејзината преселба во Лондон.


„Амал и Меган се знаат со години и се добри пријателки. Поради нив две и Џорџ и Хари се зближиле и станале добри пријатели. Поблиски се отколку што тооа е претставено во медиумите“ открил близок пријател на двојките.
Да потсетиме, после кралската венчавка, во мај оваа година, Меган и Хари неколку дена минале со семејството Клуни во нивната куќа на езерото Комо во Италија. Со нив биле и близнаците на Амал и Џорџ, Ела и Александер.
Наводно, самиот Џорџ на своето семејство му рекол дека има претчувство дека Хари и Меган ќе го прашаат за кумство, а членовите на неговото семејство истакнуваат дека глумецот би бил совршен избор за кум бидејќи е прекрасен човек и многу го сака кралското семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …