(ФОТО) Русија и САД нашле решение за загадувањето на воздухот во Скопје


Загаденоста на воздухот во Скопје која секојдневно,редовно, ги пробива сите светски рекорди ги згрижила и нашите гости.
На својот официјален профил на Фејбук Американската амбасада побарала предлози за разрешување на проблемот.

https://www.facebook.com/USEmbassyMacedonia/photos/a.440817292156.234912.119869762156/10155150933927157/?type=3


Набргу добиле предлог од Руската амбасада во Македонија.
Како одговор на молбите на Американците да се изнајде решение за загадувањето во Скопје и Македонија, тие на нивниот официјлен профил на Твитер ставиле карта, со објаснување: „Со оглед на тоа дека нашите колеги од Американската амбасада бараа идеи за решавање на проблемот на воздухот во Скопје ние го предлагаме следното решение“ и ставиле мапа од планиараниот гасовот „Турски тек“ кој според првичните планови треба да минува низ Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Долг список на гости – Папата Лав ги собрал филмските работници во Ватикан

Папата Лав се сретнал со холивудските актери и филмски работници во Ватикан оваа сабота за …