Какво време ќе имаме викендов?

Петок ќе биде нешто пооблачен ден во однос на четврток. Иако претпладне во глобала ќе има повеќе сончеви периоди, особено во источниот крај, ова нема да биде одлика на целиот ден. Попладне ќе има ново наоблачување, кое во северозападниот крај приквечер ќе донесе слаби врнежи од дожд.
Се очекува од пладне да почне да дува умерен југоисточен ветер.
Утрото ќе биде релативно потопло во однос на претходните денови, а минималната температура главно ќе биде позитивна и со вредности помеѓу 2 и 4 во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу 0 и 2.
Mаксималната температура ќе биде во границите помеѓу 7 и 10 во северниот регион, на југозапад помеѓу 10 и 12 , а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 13 и 16.
Скопската котлина ќе биде метеоролошки сосема различна од останатите места низ земјава. Утрото останува магловито, а така ќе биде се’ до доцна претпладне. Надежи за разбивање на маглата има во појавата на јужниот ветер околу пладне. Потоа се очекува облачно време до крајот на денот. Температурата ќе има минимална вредност околу 1, а максимална вредност околу 8.
Слаб локален дожд и снег на високите планини ќе има и денес на запад и север од државава додека во сабота попладне под влијание на поизразен влажен воздушен бран најпрвин на запад а до навечер и во текот на ноќта кон недела насекаде низ државава ќе има врнежи од дожд а ќе започне да дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Поради јужното воздушно струење сеуште ќе биде релативно топло па снег ќе паѓа само на високите планини. Локално ќе има и поинтензивни врнежи.
Од недела ќе започне продор на студена воздушна маса од север што ќе услови понатаму значителен пад на температурите на воздухот и спуштање на снежната граница но нема да дојде до значително намалување на температурата најавуваат од meteopro.mk и meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …